Управување и одржување на станбени згради
Целосно професионално управување со вашата зграда. Ја преземаме администрацијата, финансиите, одржувањето и координацијата, за станарите да немаат грижи.
Од администрацијата и финансиите до хигиената и техничкото одржување — сè што ѝ е потребно на вашата зграда, од еден одговорен управител.
Целосно професионално управување со вашата зграда. Ја преземаме администрацијата, финансиите, одржувањето и координацијата, за станарите да немаат грижи.
Уредна евиденција по станбена единица, месечни фактури и уплатници, плаќање на заедничките трошоци и месечен финансиски извештај за сите сопственици.
Организација и координација на одржувањето на лифтови, парно греење, водовод и електрични инсталации преку лиценцирани изведувачи и правилно водење на резервниот фонд.
Редовно чистење на заедничките простории — влезови, скалишта и ходници — од страна на хигиеничари кои доаѓаат два пати неделно.
Куќен мајстор кој ги врши малите поправки и три пати месечно го проверува објектот. Доаѓањето на мајсторот не се наплаќа дополнително.
Надоместокот се пресметува индивидуално за секоја зграда, врз основа на нејзините карактеристики — број на станови, катови, површина и дали има лифт.
Пополнете го формуларот за понуда со податоците за зградата и ќе ви подготвиме пресметка.
Побарај пресметкаИспратете ни ги основните податоци за зградата и ќе ви подготвиме пресметка на месечниот надоместок. Без обврски.