Лиценциран управител · бр. 08-233/3

Вашата зграда заслужува професионално управување.

Се грижиме за функционалноста, одржувањето и долгорочната вредност на вашиот станбен објект. Професионално, транспарентно и одговорно.

  • Месечен финансиски извештај
  • Без скриени трошоци
  • Онлајн плаќање без провизија
Модерна повеќекатна станбена зграда со балкони
Транспарентни финансииИзвештај секој месец
Надзорен одборКонтрола од сопствениците
Лиценца од Регулаторната комисија за домување
08-233/3
неделно чистење на заедничките простории
2×
месечно проверка на објектот од куќен мајстор
3×
дополнително за доаѓање на мајсторот
0 ден.
Станбена зграда од тули со балкони и зеленило

„Работењето на фирмата се заснова на максимална соработка и транспарентност.“

Барате управител?

Се грижиме за она што е заедничко.

Зградата сè уште нема управител? Не сте задоволни од сегашниот? Влезот е темен и неуреден, а односите меѓу соседите нарушени? Решението е едноставно.

Станбен Управител е лиценциран управител кој ги презема сите управувачки работи во вашата зграда — од администрацијата и финансиите, до хигиената и техничкото одржување. Нашата работа ја контролира Надзорен одбор избран од Собирот на сопственици.

Услуги

Сè што ѝ е потребно на вашата зграда — на едно место

Сите услуги

Управување и одржување на станбени згради

Целосно професионално управување со вашата зграда. Ја преземаме администрацијата, финансиите, одржувањето и координацијата, за станарите да немаат грижи.

Финансиско и административно управување

Уредна евиденција по станбена единица, месечни фактури и уплатници, плаќање на заедничките трошоци и месечен финансиски извештај за сите сопственици.

Техничко одржување и редовен и резервен фонд

Организација и координација на одржувањето на лифтови, парно греење, водовод и електрични инсталации преку лиценцирани изведувачи и правилно водење на резервниот фонд.

Зошто Станбен Управител

Зошто да изберете станбен управител?

Професионалниот управител им заштедува време, нерви и пари на сопствениците — и ја чува вредноста на зградата.

Секогаш достапни

Станарите имаат една точка за контакт, на телефон и е-пошта, за секое прашање или проблем.

Целосно внимание на секоја зграда

Секој објект го следиме посебно — со сопствена евиденција, план за одржување и редовни проверки.

Брза реакција на секое јавување

Пријавените проблеми ги решаваме брзо, преку нашиот куќен мајстор или лиценцирани изведувачи.

Помалку трошоци, поголем квалитет

Изведувачите ги избираме преку прибирање понуди, за најдобар однос на цена и квалитет.

Транспарентно, без скриени трошоци

Месечен финансиски извештај и список на уплати, истакнати на огласната табла во зградата.

Искуство, стручност и љубов кон работата

Управувањето со згради за нас е професија — и грижа за луѓето кои живеат во нив.

Како функционира

До професионален управител во четири чекори

Јасна и едноставна постапка — ние ги подготвуваме договорите и ве водиме низ секој чекор.

  1. Побарајте понуда

    Испратете ни ги основните податоци за зградата преку краток онлајн формулар.

  2. Добијте пресметка

    Подготвуваме пресметка на месечниот надоместок за управување и одржување.

  3. Согласност 50% + 1

    Ги изготвуваме договорите. За потпишување е потребна согласност од 50% плус еден од сопствениците.

  4. Почнуваме со работа

    Собирот избира Надзорен одбор, а ние ги преземаме сите управувачки работи.

Стручно лице работи на документација и планови
Придобивки за станбените заедници

Што опфаќа управувањето и одржувањето на објектот

  • Администрација и сметководствена евиденција по станбена единица, месечни фактури и уплатници
  • Месечен финансиски извештај и список на уплати на огласната табла
  • Редовен и резервен фонд на објектот, согласно правилникот на Регулаторната комисија за домување
  • Хигиеничари два пати неделно и куќен мајстор без дополнителна наплата за доаѓање
  • Лиценцирани изведувачи за лифт, парно греење, водовод и електрика, избрани преку прибирање понуди
Дознај повеќе за управувањето
Новости и совети

Најнови објави

Сите објави

Подготвени за професионално управување со вашата зграда?

Испратете ни ги основните податоци за зградата и ќе ви подготвиме пресметка на месечниот надоместок. Без обврски.