Хаусмајсторски услуги во станбен и деловен простор
Куќен мајстор кој ги врши малите поправки и три пати месечно го проверува објектот. Доаѓањето на мајсторот не се наплаќа дополнително.
Организација и координација на одржувањето на лифтови, парно греење, водовод и електрични инсталации преку лиценцирани изведувачи и правилно водење на резервниот фонд.
Техничките системи на зградата — лифтовите, парното греење, водоводот и електричните инсталации — бараат редовна грижа од овластени лица. Ние ги организираме и координираме сите овие работи преку договори со лиценцирани трети лица, избрани преку прибирање понуди.
Средствата за поголеми зафати се обезбедуваат преку резервниот фонд, кој се формира согласно правилникот на Регулаторната комисија за домување и се користи за инвестиционо одржување на зградата.
Работите ги вршат овластени фирми, избрани преку прибирање понуди — за најдобар однос на цена и квалитет.
Редовниот сервис на лифтовите и инсталациите ја намалува можноста за дефекти и несреќи.
Резервниот фонд овозможува инвестиционо одржување без ненадејни големи трошоци за станарите.
Ги утврдуваме потребите за редовно и инвестиционо одржување на објектот.
Од лиценцирани фирми прибираме понуди и ја избираме најповолната.
Ја координираме работата на изведувачот и го следиме квалитетот на изведбата.
Трошоците се евидентираат и се прикажуваат во финансискиот извештај.
Куќен мајстор кој ги врши малите поправки и три пати месечно го проверува објектот. Доаѓањето на мајсторот не се наплаќа дополнително.
Целосно професионално управување со вашата зграда. Ја преземаме администрацијата, финансиите, одржувањето и координацијата, за станарите да немаат грижи.
Уредна евиденција по станбена единица, месечни фактури и уплатници, плаќање на заедничките трошоци и месечен финансиски извештај за сите сопственици.
Испратете ни ги основните податоци за зградата и ќе ви подготвиме пресметка на месечниот надоместок. Без обврски.